Русија не сака мировни сили на НАТО во Украина

Од:

Русија денеска ја отфрли идејата земјите-членки на НАТО да испратат мировници во Украина во случај на договор за прекин на огнот во руско-украинската војна, предупредувајќи дека таквиот потег може да доведе до „неконтролирана ескалација“.

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова изјави дека идејата е целосно неприфатлива за Русија.

На брифингот со новинарите таа ги коментираше неодамнешните изјави на британскиот премиер Кир Стармер и германскиот министер за одбрана Борис Писториус дека нивните земји би можеле да испратат војници во мировните сили во Украина. Писториус во интервју за весник на 18 јануари рече дека Германија, најголемиот партнер на НАТО во Европа, „очигледно ќе има улога“ и дека за ова прашање ќе се разговара во догледно време.

Би можело да ве интересира

ЕУ ќе обезбеди финансиска помош од 35 милијарди евра за Украина

Русите извршија ракетен напад врз Украина, едно лице загина, 45 се повредени

Трамп: Ќе воведам санкции кон Русија доколку Путин не се согласи на разговори за Украина

Волкер: Трамп е решен да стави крај на војната во Украина

Москва калкулира кој ќе биде амбасадор во САД, Захарова вели „се уште САД не дале согласност“

Уапсени се украински команданти поради лошо организирана одбрана

Горан Наумовски