МВР извести дека вчера врз основа на судска наредба, полициски службеници извршиле претрес во простории кои ги користи С.А.(22) во гостиварското село Врапчиште, а се сопственост на Ш.А.(20) од Врапчиште, кој се наоѓа надвор од државата, поради основано сомнение за сторено кривично дело „мачење на животни“.
При претресот биле пронајдени четири кучиња – три од раса „питбул“ и едно куче од раса „доберман“, кои биле користени за борба на кучиња.
Со С.А. бил извршен службен разговор во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе следува соодветна пријава.