Премиерот на Србија, Ивица Дачиќ денес рече дека не гледа причина за одржување на вонредни парламентарни избори и дека редовните ќе бидат одржани во првите месеци идната година.
-Сите се подготвуваме за изборите во Белград. Кога ќе бидат, постојат долги рокови. Извесно е дека ќе се одржат во првите месеци на 2014 година, изјави Дачиќ на Универзитетот Мегатренд во Белград.
Тој додаде дека се согласува со потпретседателот на владата Александар Вучиќ тие да се одржат доколку граѓаните го побараат тоа.
–Среќата не би била на страната на оние кои бараат избори, бидејќи тие барааат, но го молат Господ да не се одржат, истакна премиерот.
Дачиќ нагласи дека не се плаши од изборите, но оцени дека нивното одржување ќе ги сопре другите важни работи кои што владата ги започна.
Елена Георгиевска