Макрон предложи воена мобилизација „како што се натрупуваат заканите“

Од:

Францускиот претседател Емануел Макрон предложи мобилизирање на младите луѓе за помош на вооружените сили на земјата. Според него, републиката мора да се прилагоди на безбедносните закани кои тој ги поврза со конфликтот во Украина.

Проектот за „мобилизирање“ на поголем број млади доброволци ќе послужи за зајакнување на воените редови на земјата во услови на конфликт меѓу Русија и Украина, смета Макрон.

За време на обраќањето до вооружените сили, Макрон го објасни потегот со потребата Франција да се прилагоди на „акумулацијата на закани“.

„Да не се зафркаваме, конфликтот во Украина нема да заврши утре или задутре“, нагласи Макрон.

Макрон разговараше со француските воени команданти во градот Сесон-Севињ, каде што се наоѓа копнената команда на армијата за дигитална и сајбер поддршка. Тој зборуваше за она што го гледа како задачи на вооружените сили и како тие треба да се развиваат. Меѓу другото, тој предложи мобилизација на млади доброволци, кои ќе поминат воена обука и кои во иднина би можеле да ги зајакнат редовите на армијата.

Би можело да ве интересира

Зеленски: 200.000 војници од ЕУ да се мировници на источниот фронт во Украина

Макрон го критикуваше мешањето на Маск во изборите во Европа

Макрон бара итна хуманитарна помош за Газа

Горан Наумовски

Пентагон: Во Сирија се 2.000 американски војници

Макрон прогласи национална жалост за жртвите на циклонот „Чидо“

Ле Пен: Се подготвувам за предвремени претседателски избори, времето на Макрон заврши

Горан Наумовски