Бројот на загинати во катастрофалниот пожар што го зафати хотелот во турскиот ски-центар Карталкаја се искачи на 76 лица, јавуваат турските медиуми.
Пожарот избувнал во текот на ноќта, кога во хотелот престојувале 238 гости.
Иако пожарот е ставен под контрола, итните служби продолжуваат со пребарувања на теренот.
Локацијата на хотелот, сместен на рид, го отежнува пристапот за гаснење од сите страни, изјави министерот за внатрешни работи, Али Јерликаја.
Во меѓувреме, турското Министерство за внатрешни работи потврди дека девет лица се приведени во врска со пожарот.
Причината за пожарот се уште не е позната.