Шолц од Давос: За Германија останува многу важно сојузништвото со САД

Од:

САД ќе останат еден од најблиските и незаменливи сојузници на Германија, без разлика кој е актуелен претседател, истакна германскиот канцелар Олаф Шолц во денешниот говор на Светскиот економски форум во Давос, јави ДПА.

Континуираната блиска соработка и партнерство е во интерес и на САД и на Германија, рече Шолц.

Но, исто така, тој додаде дека не треба да има лажни обиди за „задоволување“ или „слатко зборување“ на новиот американски претседател Доналд Трамп.

-Не секоја прес-конференција во Вашингтон, не секој твит треба веднаш да не втурне во жестоки, егзистенцијални дебати.

Ова важи и по промената на власта што се случи вчера во Вашингтон, рече Шолц, осврнувајќи се на инаугурацијата на американскиот претседател Доналд Трамп.

Според негово мислење, Трамп и неговата влада ќе го држат светот на работ во годините што следат, пренесе ДПА. -Ние можеме и ќе се справиме со сето ова, рече тој.

Германскиот лидер рече дека соработката меѓу европските сојузници и САД е суштинска за мирот и безбедноста во светот и двигател за успешен економски развој.

Би можело да ве интересира

Социјалдемократската партија официјално го избра Олаф Шолц за свој кандидат за канцелар

„Не го хранете тролот“ – Олаф Шолц за Илон Маск

Шолц за Маск: „Сопствениците на социјалните мрежи нема да одлучуваат за изборите“

Предраг Петровиќ

Падна германската влада

А1он

Шолц: Европа ќе помогне во обновата на Сирија

Песков: Шолц и САД продолжуваат да поттикнуваат војна во Украина