„Театар комедија“ во Гевгелија

Од:

Во Гевгелија вечер гостува „Театар Комедија“ со претставата „Лет над кандидатско место“, која ќе се игра во салата на Народниот театар.

Претставата ги демистифицира епските херои на македонскиот бит обидувајќи се да прикаже една поинаква слика за тоа какви херои се тие и да ја погледне опачината на ликот и делото на јунаците.

– Човекот реално не е само она што вели дека е, туку и она што не признава дека е. Претставата е приказна за луѓето што не признаваат дека се тоа што се. А кога не се признава очигледното, тогаш реалноста станува фикција, вели авторот на текстот Блаже Миневски.

Режисерот Андреј Цветановски вели дека хероизмот е суштински елемент за секој народ и историја кој претставува опевање на „заслужните“ дејци, создавање идоли кои треба да се почитуваат и сакаат.

– Во македонската култура и традиција, јунаштвото е архетип кој македонскиот народ го создава кога му е најтешко, потенцира Цветановски и додава дека интересно е тоа што претставата не говори за хероизмот на тој начин, туку, напротив, поставувајќи го прашањето што е всушност хероизмот?

„Театар Комедија“ продолжува да ги промовира младите. Актерската екипа во претставата главно е составена од млади луѓе меѓу кои од поискусните се Крсте Јовановски и Драган Спасов-Дац.

Би можело да ве интересира

Љутков: На Велес му го враќаме театарот во неговата вистинска институционална форма

Четворица обвинети за изградбата на театарот и библиотеката во Тетово

Горан Наумовски

Театрите и Филхармонија со зголемен број претстави/концерти и посетители во 2023/2024

А1он

Шест години постоење на „Театар Провокација“

А1он

„Ние, луѓето“-премиера

Битолскиот театар гостува на фестивал во Врање