Притворена е мајката која со тригодишната ќерка влезе во Сава, по детето се уште се трага

Од:

Обвинителството во Загреб издаде соопштение во врска со мајката (34) осомничена за тешкото убиство на нејзината тригодишна ќерка, по чие тело се трага во коритото на реката Сава низ три жупанија.

„Поради ризикот од влијание врз сведоците, ризикот од повторување на кривичното дело бидејќи има психички и здравствени проблеми и тешките околности на кривичното дело“, објасни портпаролот на судот Крешимир Девчиќ.

Портпаролот на судот рече дека ќе бидат сослушани и сведоци, од кои десетина, главно членови на семејството.

Уапсената мајка не изнесе одбрана, додаде тој, а на прашањето каква ќе биде казната за тешко убиство, кратко одговори – „долгогодишна затворска казна“.

Би можело да ве интересира

Загреб: МВР потврди дека е уапсена мајката на детето кое се бара во Сава

Продолжува потрагата по девојчето кое исчезна во реката Сава во Загреб

Горан Наумовски

Загреб: Прекината е потрагата по тригодишното девојче кое исчезна во Сава

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Трагедија во Загреб: Мајка влегла во Сава со своето девојче

Горан Наумовски

Мајка со дете влегла во Сава, во тек е потрага по детето

Горан Наумовски

Хрватска тагува

А1он