Вишиот суд во Заечар најави дека ќе продолжи со одлучување по обвинението против Дејан Драгијевиќ и Срѓан Јанковиќ, осомничени за убиството на двегодишното девојче Данка Илиќ.
Апелациониот суд во Ниш неодамна го укина решението за потврдување на обвинението и го врати на првостепениот суд да одлучува повторно.
Вишиот суд во соопштението посочи дека Апелациониот суд при укинувањето на одлуката не одредил рок за повторно разгледување на обвинителниот акт.
Судот наведе и дека притворот на осомничените истекува на 18 јануари.
Срѓан Јанковиќ и Дејан Драгијевиќ се осомничени за кривично дело тешко убиство во соизвршителство, додека Радослав Драгијевиќ е осомничен за кривичните дела помагање на сторителот по извршувањето на кривичното дело и непријавување на кривичното дело и на сторителот.
Обвинителството предложи судот да ги осуди на доживотен затвор Дејан Драгијевиќ и Срѓан Јанковиќ.
Според обвинението, на 26 март во Бањско Поле кај Бор, Дејан Драгијевиќ и Срѓан Јанковиќ со автомобил од ЈКП „Водовод“ каде што беа вработени прво-наводно удриле во двегодишното девојче, а потоа го внеле во возилото.
Се наведува дека нејзиното тело го фрлиле во депонија, од каде подоцна било пренесено на друга локација.
Телото на девојчето се уште не е пронајдено.
Радослав Драгијевиќ е осомничен дека му помагал на синот да го премести телото на девојчето.
Братот на Дејан Драгијевиќ, Далибор Драгијевиќ, почина на 7 април лани, во просториите на полициското одделение Бор додека беше приведен.