Загреб: Прекината е потрагата по тригодишното девојче кое исчезна во Сава

Од:

Потрагата по тригодишното девојче кое денеска исчезна во водите на Сава во Загреб за денеска е прекината поради тешките временски услови и темнината, изјави Дражен Павлиќ, водач на нуркачкиот тим на Град Загреб.

-Ветровите се тешки и напорни, темно е. Сава денес е доста брза, нивото на водата е доста високо, што го забрзува течењето на реката, па беше доста заморно. Ја имаме сета потребна опрема, односно користевме подводен скенер, дронови и секако рефлектори за осветлување, нагласи шефот на нуркачкиот тим JVP на Град Загреб, Дражен Павлиќ, пренесе ХРТ.

Адвокатот Милко Крижановиќ за Индекс потврди дека бил ангажиран од семејството на мајката. Мајката е во болница под полициски надзор.

„Нејзиното семејство ми се јави барајќи правна помош. Таа е под заштита на лекарите и полицијата. Сега сите очи се вперени во потрагата. Немам информации што точно се случило, но сепак верувам дека сето ова ќе има среќен исход“, рече адвокатот Крижановиќ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Трагедија во Загреб: Мајка влегла во Сава со своето девојче

Горан Наумовски

Мајка со дете влегла во Сава, во тек е потрага по детето

Горан Наумовски

Српските специјалци го ликвидираа убиецот од Јагодина

Во Нов Зеланд, за прв пат во историјата, жена-полицаец загина на должност

Горан Наумовски

Хрватска тагува

А1он

Божиновиќ: Извршителот на нападот во училиштето во Загреб имал ментални нарушувања