Од петок без врнежи и со повисоки дневни температури

Од:

Времето денеска ќе биде променливо облачно и студено со повремени врнежи од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од -7 до 0, а максималната ќе достигне од -2 до 5 степени.

Од УХМР информираа дека во Скопје времето ќе биде променливо облачно и студено со услови за провејување на слаб снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до -5, а максималната ќе достигне до 4 степени.

Во четврток претпладне ќе се задржи претежно облачно и студено време со повремени врнежи од снег со слаб до умерен интензитет. Попладне насекаде врнежите ќе престануваат. Ќе дува слаб до умерен северен ветер.

Во петок и за време на викендот ќе преовладува стабилно време со пораст на дневните температури. Утринските температури во текот на целиот период насекаде ќе бидат под нула, а наместа ќе се спуштаат и под -10 степени. По некои котлини ќе има појава на магла и пониски дневни температури.

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови по влажни коловози со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенцијата на дежурните екипи. Врнежи од снег со слаб интензитет се бележат во Кичево, на Пресека и Буково, информира АМСМ.

Забрани за движење на тешки товарни возила од превентивни причини има на патните правци: Маврово-Дебар, Tетово–Попова Шапка и на планискиот премин Струмица – Берово.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Би можело да ве интересира

Топло време со високи температури, најава за невреме вечер

Топло со темератури до 38 степени, за попладне најава за пороен дожд

Сончево и многу топло време, попладне услови за пороен дожд и невреме

А1он

Нов топлотен бран, период со температури до 40 степени

Катерина Ѓуровски

Од четврток повторно многу топло, во викендот до 40 степени

Температури до 36 степени денеска освежување во вторник, потоа повторно топло

Катерина Ѓуровски