Девојче (3) се застрела со пиштол во глава, во собата на нејзините родители

Од:

Девојче (3) се застрела во глава со пиштол што го нашла на ноќната маса во спалната соба на нејзините родители во Виа Матеоти, Италија.

Моментно е во тешка состојба во болницата во Бергамо.

Девојчето ја пронашло „беретата“ на нејзиниот татко во собата и се застрелала во образот, притоа оштетувајќи го и мозокот. Веднаш по инцидентот, кој се случил на 1 јануари годинава девојчето било хоспитализирано.

Според таткото, тој законски ја поседува „беретата“, а пиштолот бил на масичката покрај креветот во спалната соба бидејќи се плашеле крадците да не провалат во куќите во населбата на новогодишната ноќ.

За време на испрашувањето, двајцата сопружници имале различни верзии за тоа кој од нив го ставил пиштолот во спалната соба, така што тој бил на дофат на двете ќерки, на возраст од три и пет години.

Родителите, според информациите, прво слушнале истрел, а потоа и вресок на девојчето. Тие влегле во собата и на лице место ја нашле ќерката тешко ранета во лицето.

До неа била нејзината петгодишна сестра.

Се уште е нејасно точниот редослед на настаните и кое од двете девојчиња го повлекло чкрапалото.

Би можело да ве интересира

Мелони: Намалувањето на приливот на нерегуларни мигранти во Италија е резултат на големата работа на владата

Руски хакери ги нападнаа веб-страниците на италијанско министерство и два аеродроми во Милано

ВИДЕО: По четири дена спасена Италијанката која падна во пештера

Мелони се повлекува од функцијата претседател на Европските конзервативци и реформисти

Порција њоки кобна за 9-годишно девојче во Рим

А1он

ВИДЕО: Експлозија кај Фиренца, најмалку двајца мртви