Министерот за надворешни работи на Иран, Џавад Зариф во интервју за американскиот канал АБЦ изјави дека според нивно сознание Израел поседува најмалку 200 нуклеарни боеви глави, поради што стабилноста на блискоисточниот регион е загрозена, пренесе „Гласот на Русија“.
-Тие не би требало да продолжат да го лажат американскиот народ и целиот свет, нагласи тој.
Минатата недела Зариф изјави дека Техеран планира годинава да постигне договор со петте постојани членки на Советот за безбедност на ОН и Германија, за својата нуклеарна програма.
Елена Георгиевска