Двајца генерали на маринците на САД отпуштени поради крвавиот напад на талибанци врз база во Авганистан

Од:

Командантот на Корупусот на маринците на САД вчера објави дека отпушта двајца генерали, затоа што не успеале да ја гарантираат безбедноста на важна база во Авганистан во нападот на талибанците изминатата година.

Во септември 2012 година, 15 талибанци упаднаа во базата „Бастион“ во Југозападен Авганистан. Во нападот беа убиени двајца маринци и ранети осум лица од персоналот на базата.

Истрагата утврди дека генерал мајот Чарлс Гурганус, командир на маринците во регионот, и генерал-мајор Грег Стардевант не презеле „соодветни мерки за безбедност“, кои се „пропорционални на заканата“.

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

САД воведоа нови санкции против Русија