Паркер ги разочара Французите

Од:

Тони Паркер кој беше предводник на француската кошаркарска репрезентација до шампионската титула на неодамна завршеното Европско првенство, предизвика негодување кај француската јавност по изјавата дека речиси сигурно нема да настапи на Светското првенство следната година.

МВП играчот од ЕП и играч на НБА тимот Сан Антонио, за американските медиуми изјави дека со веројатност од 95% ќе го пропушти Мундобаскетот во Шпанија 2014 година.

Најдобриот француски кошаркар летово во Словенија одигра одлично, го доби признанието за најкорисен на целиот турнир и беше најзаслужен за првото европско злато на неговата земја.

По првичниот шок во Франција поради најавеното отсуство за СП на нивната НБА ѕвезда, најавени се разговори од страна на првите луѓе на федерацијата со цел да го предомислат Паркер и да го убедат да им помогне на неговите репрезентативни колеги на патот до уште еден медал од големите натпреварувања.

Би можело да ве интересира

Кошаркарите на Партизан поразени од Барселона

Кошаркарите на Партизан поразени од Фенербахче во седмото коло од Евролигата

„Во последните осум години тој е најдобриот тренер во Европа“

Предраг Петровиќ

Европскиот првак го напаѓа Фенербахче без тројца играчи

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ