Шведска најдобра земја за постари лица

Од:

Шведска е најдобра земја во светот за постари лица на возраст преку 60 години. Оваа нордиска земја е пласирана на врвот на ранг-листата направена од страна на организацијата за меѓународна помош и соработка „Хелп ејџ интернешанал“, јави дописникот на МИА од Гетеборг.

Со појдовна основа од 13 параметри, поврзани во четири главни категории, споредувани се податоци од 90-ина земји и тоа во однос, на пример, на здравјето, економијата и работата. Вкупно земено во споредбената анализа Шведска покажува најдобри резултати, а веднаш зад неа на глобалната ранг-листа се Норвешка и Германија. Податоците користени во испитувањето доаѓаат од разни органи на ООН, Светската банка и Светската здравствена организација (СЗО).

Кога станува збор за економијата, исвештајот е фокусиран пред се врз важечките услови и критериуми во рамки на пензискиот систем, бројот на сиромашни постари лица и распределбата на буџетски средства наменети за згрижување на постари лица.

Под категоријата здравје се присутни податоци за психичката здравственба состојба и очекуваната должина на просечниот животен век, како и бројот на здрави години по 60-годишната возраст.

Тоа што ситуацијата во Шведска вкупно земено се проценува како најдобра за постари лица во светски рамки, се објаснува со долгата традиција на вложувања во изградбата на разгранетиот систем на општествена благосотојба. На пример, се истакнува податокот дека токму пред 100 години Шведска беше прва земја во светот која има воведено пензиски систем, пишува „Свенска дагбладет“.

Би можело да ве интересира

Шведската полиција откри кинески брод во близина на можна саботажа на два кабли на Балтикот

Шведска и Финска: Украина може да ја нападне територијата на Русија без ограничувања

Пукање во Шведска: Тешко ранет е тинејџер

Пукање во Малме, најмалку едно лице загина

Двајца Британци убиени, па запалени во Шведска

Горан Наумовски

Аларм во Стокхолм: Поради можна бомба евакуирана е Централната железничка станица