Спасиќ, Драшковиќ и Вукотиќ осудени на доживотен затвор во Брисел

Од:

Божидар Спасиќ, Андрија Драшковиќ и Веселин Вукотиќ се осудени на доживотен затвор од Кривичниот суд во Брисел за убиството на Енвер Хадри, претседателот на Комитетот за одбрана на човековите права на Косово, во 1990 година во Сен Жил.

Оваа информација претходно „протече“ во медиумите, но никогаш немаше официјални наводи за вмешаност на тајната служба во убиството.

Имено, Веселин Вукотиќ и Андрија Драшковиќ се прогласени за виновни за извршување на делото, а Божидар Спасиќ за нарачател на убиството. Енвер Хадри, тогашен претседател на Комитетот за одбрана на човековите права на Косово, беше убиен во својот автомобил додека стоеше на семафор во Сен Жил на 25 февруари 1990 година.

Стручните судии и дванаесетте поротници не одобриле никакви олеснителни околности и тие се осудени на максимална казна, односно доживотен затвор.

Енвер Хадри, да се потсетиме, на 25 февруари 1990 година, околу 16 часот, додека бил зад воланот на својот автомобил, застанал на црвено, на семафор. Во тој момент до него се „залепил“ друг автомобил и се слушнал истрел. Енвер е застрелан со еден куршум во главата.

Истрагата утврди дека се работи за политичко убиство нарачано од разузнавачките служби на поранешна Југославија, а со логистиката се занимавало белградското „подземје“.

Би можело да ве интересира

Обвинителство: Ja убил партнерката пред петгодишно дете, па сакал да избега

Шест лица се уапсени за тројно убиство во фризерски салон во градот Упсала

Убиство во Скопје: Си ја уби сопругата, па сакаше да избега во Србија

Горан Наумовски

Двајца браќа од Арачиново обвинети за убиство на татко и син

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Инцидент во Франција: Ученик избодел соученици, најмалку едно лице е убиено, четворица се тешко ранети

Го убиле и го запалиле телото за да му украдат 6000 денари, притвор за браќата од Луке

Катерина Ѓуровски