Поранешниот градоначалник на Њујорк, Руди Џулијани, беше прогласен за виновен за непочитување на судот во Окружниот суд на Менхетен во случајот што го покренаа двајца изборни работници во американската држава Џорџија, Руби Фримен и нејзината ќерка Вандреа Мос.
Џулијани, кој е и поранешен адвокат на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп, лажно ги обвини Фримен и Мос дека се обиделе да украдат гласови на претседателските избори во 2020 година на кои победи американскиот претседател во заминување Џозеф Бајден, објави Ројтерс.
Обвинението беше покренато откако Џулијани тврдеше дека Фримен и Мос криеле кутии со неправилни гласачки ливчиња.