Полскиот министер за надворешни работи Радослав Сикорски за време на состанокот со француските амбасадори во Париз изјави дека европските земји наскоро би можеле да се најдат под „силен притисок“ да постигнат мировен договор со Русија, која води војна против Украина.
„Наскоро би можеле да се соочиме со силен притисок да постигнеме договор со Москва. Но, на каков договор може да се согласи разумна Европа? Секако, не е лесно да се согласиме на договор што ќе и овозможи на Москва да закрепне“, рече Сикорски.
Сикорски вели дека Украина заслужува и има потреба од мир. Нагласи дека мирот треба да биде под фер услови, а не капитулација.
– Воведувањето строги временски ограничувања за поддршката за Украина ќе ја охрабри Русија да ја продолжи војната, вели тој.
Наместо тоа, смета тој, треба да се направи се што е можно за да се подобри позицијата на Киев во идните преговори.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека првите разговори за ставање крај на војната ќе се одржат со новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп по неговата инаугурација, а потоа и со рускиот претседател Владимир Путин доколку американскиот лидер понуди „силни безбедносни гаранции за Украина“.