Двојазичните лиценци се противуставни и шверцерски усвоени – го поздравуваме потегот на Сиљановска

Од:

Непотпишувањето на Указот за воведување на двојазични лиценци во градинките од страна на претседателката Сиљановска, Левица смета дека е во рамките на уставно-правните норми и заштитата на македонскиот јазик како кохезивен фактор во Републиката.

Потсетуваме дека измените на овој Закон, власта на ДПМНЕ-ЗНАМ-ВРЕДИ ги донесе со флагрантно кршење на собраниските процедури, преку скандалозен шверц на ненадлежната Комисија за енергетика. Пратениците на Левица уште на комисиската расправа реагираа дека Законот за двојазични лиценци мора да биде повлечен, но самоволието на владејачкото мнозинство, сепак, го усвои ваквото срамно законско решение, велат од Левица.

Намерата за воведување двојазични лиценци е излегување вон границите на Рамковниот договор и од уставните норми со кои се гарантира употребата на македонскиот јазик како единствен службен јазик на ниво на целата територија на Република Македонија!

Политичко лицемерие е власта на Мицкоски да носи закони кои се темелат врз неуставниот Закон за двојазичност, донесен од режимот на Заев и Ахмети – Закон за кој Уставниот суд закажа и подготвителна седница за оценување на уставноста.

Левица бара од актуелната власт на ДПМНЕ целосно да го повлече од постапка овој предлог-закон, затоа што токму партијата на Мицкоски во опозиција тврдеше дека со ваквите постапки се воведува неуставна двојазичност на територијата на целата држава, додека македонскиот јазик од службен јазик се дерогира на јазик кој го говорат заедниците, наведуваат од Левица.

Би можело да ве интересира

Силјановска Давкова: Шест децении сцената на фестивалот „Војдан Чернодрински“ е простор на највисоки дострели на македонската театарска уметност

А1он

Пелегрини – Сиљановска-Давкова: Проширувањето на ЕУ треба да биде фер процес, предвидлив и со исти правила за сите кандидати

Претседателката присуствуваше на презентација на способностите на Армијата во Штип

А1он

Сиљановска-Давкова по повод 24 Мај: Јазикот не е само збир на зборови, туку и колективна меморија, вредносен код и чувство на припадност

А1он

Сиљановска не сака да коментира за „квалификацијата шпионска афера“, збунета е од одговорите на Обвинителството за организиран криминал

Катерина Ѓуровски

Сиљановска-Давкова до бугарскиот амбасадор во Словенија: Македонскиот Устав ги гарантира правата на сите малцинства

А1он