Сообраќајот околу Мавровско езеро е нормализиран, уверува СВР Тетово, од Бунец до Леуново наизменично се пропуштаат возила

Од:

Метежот и колоните од автомобили кои попладнево се сосзадоа по локалниот пат околу Мавровското езеро се расчистени и сообраќајот се одвива во зимски услови.

Портпаролот на СВР Тетово, Фатмир Реџепи за МИА потврди дека вакви состојби се појавуваат во период кога има зголемен број на туристи.

– Вообичаено во зимскиот период сообраќајот се регулира со кружен тек околу езерото. Некои не ја испочитувале препораката и заглавиле при разминување, вели Реџепи.

Во меѓувреме, полициски службеници го регулираат сообраќајот од Бунец кон Леуново и ги пропуштаат возилата наизменично.

Попладнево на социјалните мрежи имаше реакции од возачи и туристи кои се пожалија дека стојат повеќе часови во место.

Одвивањето на сообраќајот е отежнато и заради снегот којшто го стеснува коловозот. Од СВР Тетово побарале од ЈП Македонија пат да испратат специјални возила и да го исчистат снегот. Според најавите, до 21:30 треба да се обезбеди подобар проток на возила.

Би можело да ве интересира

Во НП Маврово поставени 60 камери за видеонадзор

Обилни врнежи во Маврови Анови, снежна покривка од 43 сантиметри на Попова Шапка

Горан Наумовски

Воведена e забрана за тешки возила на патниот правец Маврово–Дебар

Јакупоски: Маврово-Ростуше ќе ја направиме општина која ќе служи како сервис на граѓаните

Поради врнежи од снег забрана за тешки товарни возила на патот Дебар – Маврово

Сообраќајот на регионалниот пат Никифорово – Леуново – Бунец e во прекин поради врнежи од снег и паднати дрвја

Горан Наумовски