ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ седум години не успеа да го заврши патот Страцин – Крива Паланка

Од:

Љупчо Николовски и Благој Бочварски лицемерно честитаа за пуштањето на патот Страцин – Паланка. Господата од СДС, изминативе седум години, не успеаа да го завршат експресниот пат Страцин-Паланка, па мораше ВМРО-ДПМНЕ експресно за само 6 месеци да го пушти во употреба, реагираа денеска од ВМРО-ДПМНЕ на изјавите на членовите на СДСМ.

„Доколку Николовски и Бочварски, се занимаваа повеќе за проектите, наместо за давање тендери на фирми блиски до Заев, патот досега веќе ќе беше готов. Знаеме дека минатата власт на СДС и ДУИ, дека освен тендерчиња и партиски вработувања, немаа ниту еден проект од областа на инфраструктурата“ порачаа од владејачката партија.

„Од доаѓањето на ВМРО-ДПМНЕ на власт, патот Страцин-Паланка е пуштен во употреба. Прилеп-Градско е готов, а Кичево – Охрид се работи во полна пареа. Видлива е разликата помеѓу власта на ВМРО-ДПМНЕ и онаа на СДС и ДУИ. Времето на матни тендери и партиски вработувања заврши, квалитетот и квантитетот сега се на виделина“ е партискиот став.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Секој денар од ребалансот ќе биде насочен кон развојни проекти

ВМРО-ДПМНЕ: Секој денар од ребалансот е инвестиција во иднината

ВМРО-ДПМНЕ: Лагите на СДС се на нивна штета и нема да ја сокријат одговорноста на кадрите на СДС, ДУИ и Таравари во Гостивар

Горан Наумовски

Младеновска: Оставка за Клековски, призна дека „црвените светла“ се запалиле предоцна во Гостивар

Петрушевски: Додека СДС се занимава како да ќари политички поени, надлежните во државава работат и ситуацијата во Гостивар се стабилизира

ВМРО-ДПМНЕ: Институциите се справуваат со состојбата во Гостивар без одлагање