Извлечено е возилото кое падна во Вардар, од него се извадени тела на три женски лица

Од:

Возилото кое излета во Вардар во близина скопското село Рашче е извлечено. Од него се извадени телата на три женски лица, извести вечерва ЦУК. Потрагата по четвртото машко лице кое најверојатно од возилото излетало во водите на Вардар продолжува.

Претходно МВР информираше дека случајни минувачи донеле четиригодишно дете во ГОБ „Св. Наум Охридски“ кое потоа е пренесено во Клиничкиот центар во Скопје, кое според последните информации не му е загрозен животот.

Во извлекувањето на автомобилот беше вклучена екипа на САЕ Тигар.

На местото на настанот се присутни јавен обвинител, полициски и екипи на Итната помош и локални жители.

Несреќата беше пријавена во СВР Скопје во 16 часот и како што соопшти МВР претходно на локалниот пат за с.Рашче патничко возило излетало од патот и паднало во Вардар.

Би можело да ве интересира

АХВ: Водата од градскиот водовод во Скопје е безбедна за пиење и употреба

Катерина Ѓуровски

Обвинителството по допрен глас ќе го истражува загадувањето со отпад кај Рашче

ВИДЕО: Ѓорѓиевски се напи вода од чешма и им порача на скопјани да не паѓаат на дезинформации

Катерина Ѓуровски

Пронајдено тело на српски државјанин во Вардар кај Демир Капија

Горан Наумовски

Извадено e женско тело од водите на Вардар

Вардар само што не се излеа во центарот на Велес