Мицкоски: Македонија стои рамо до рамо со братскиот црногорски народ во овие болни мигови

Од:

Премиерот Христијан Мицкоски преку објава на Фејсбук изрази сочувство до семејствата на жртвите кои го изгубија животот во трагичниот настан што се случи во Цетиње, Црна Гора.

– Во овие тешки мигови, од името на Владата, како и од мое лично име, изразувам најискрено сочувство до семејствата на жртвите кои го загубија најмилото. Нивната болка е неизмерна, а загубата непоправлива. Нашите мисли и молитви се со нив, како и со сите кои беа погодени од овој трагичен чин. Длабоко сочувствуваме и со граѓаните на Црна Гора кои во овој момент се соочуваат со голема тага и вознемиреност, вели Мицкоски.

Оваа трагедија, посочува премиерот, е потсетник за важноста на заедништвото и солидарноста помеѓу народите во регионот, особено во моменти кога се соочуваме со вакви трагедии што оставаат длабоки лузни во општеството.

Упатува поддршка до сите надлежни институции во Црна Гора кои со голема посветеност работат на расветлување на овој немил настан и на враќање на мирот и безбедноста во заедницата.

-Македонија стои рамо до рамо со братскиот црногорски народ во овие болни мигови и останува подготвена да понуди каква било поддршка што би била потребна. Нека почиваат во мир сите невини жртви, а на повредените им посакуваме брзо закрепнување, посочува Мицкоски во телеграмата со сочувство.

Би можело да ве интересира

Премиерот Мицкоски се сретна со висока делегација на Стејт Департментот предвоена од заменик секретарот Кристофер Ландау

Мицкоски: Оваа Влада испорачува и го прави тоа што го зборува, стратешкото партнерство со САД е децениско, тие се нашиот најсилен сојузник

Мицкоски: Нека поднесе опозицијата барање, ќе одиме на избори и ќе победиме

Мицкоски: Укинувањето на пресудата за Ласкарци е разочарување, но нема да се откажеме од правдата

Мицкоски: Нема да има енергетски шокови оваа зима

(ВИДЕО) Кузеска: „Нула денари“ или 5,5 милиони евра, СДСМ бара целосна сметка од Мицкоски