Опозицијата незадоволна од пакетот реформи на Ердоган

Од:

Главната турска опозициска партија, Републиканската народна партија (ЦХП) упати критики на сметка на новиот „пакет за демократизација“, што денеска го промовираше турскиот премиер Реџеп Тајип Ердоган.

Пратеникот на оваа партија Ајман Ѓулер истакна дека „пакетот е сериозен удар врз секуларната турска република“.

Потпретседателот на ЦХП, Ѓурсел Текин, пак изрази длабоко разочарување од мерките, нагласувајќи дека реформите се „далеку од очекувањата на народот“.

Друг пратеник на ЦХП упати критики кон Владата и поради тоа што во пакетот не се предвидени права за алевитите, како и за останатите граѓани.

Лидерот на ЦХП, Кемал Калачдароглу изјави дека утре ќе се изјасни во врска со содржината на пакетот за демократизација.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес ја потресе Турција

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Млади војници дадоа просекуларна заклетва, Ердоган најави „чистка“ во армијата

(ВИДЕО) Пронајдено е телото на малата Нарин по која трагаше турската полиција

Автобус со српски туристи доживеа несреќа во Аланија, најмалку едно лице е повредено

Горан Наумовски

Вооружен напад во болница во Истанбул: Напаѓачот ранил пет лица и избегал

Горан Наумовски

ВИДЕО: Пожарот во Измир зафати куќи, подметнувачите се во притвор

Предраг Петровиќ