Пожар во Струмица: Четворица и еден малолетник во тешка состојба

Од:

Пет струмичани се тешко повредени при гаснењето на пожарот и се борат за живот. А меѓу нив е и еден малолетник. Двајца од тешко повредените се цивили, а другите двајца се од Шумското стопанство,

Тие се здобиле со тешки изгореници во пожарот што околу 12:30 избувна над Струмица и итно се префрлени на лекување во Скопје во градската болница“.

Двајцата од тешко повредените се и родени браќа.

Меѓу повредените има и седум деца и еден пожарникар кои поминале со полесни повреди.

Лицата настрадале во моментот кога гасејќи пожар краткото невреме ги засили пламените јазици кои буквално ги опколиле повредените.

Пожарот избувна од небрежност, во местото Чамчифлик и зафати борова шума и малку смрека на околу 100 хектари и за брзо време се се прошири, а изгаснат е од дождот во 19 часот и 30 минути.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Со часови беснее пожар во романскиот зимски центар Појана Брашов, евакуирани 150 лица

Догорче од цигара причина за пожарот во ГОБ „8 Септември“, нема повредени

Пожар во болницата „8 Септември“ во Скопје, пациентите се евакуираат

Горан Наумовски

Пожар во подземниот паркинг на КАМ мол во Ѓорче Петров, евакуирани посетителите

Горан Наумовски

Изгорен стан во Белград, во ходникот пронајдено тело на 55 годишник

А1он

Двајца пожарникари загинаа додека гасеа пожар во близина на Атина