Лавров: Башар ал-Асад не успеа да ги исполни основните потреби на народот

Од:

Министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров, изјави дека падот на режимот на сирискиот претседател Башар ал-Асад се должи на неговата неспособност да ги исполни основните потреби на народот и да постигне компромис со бунтовничките групи.

– Веќе можеме да констатираме дека една од причините за деградацијата на состојбата беше неспособноста на претходното раководство да ги задоволи основните потреби на населението во услови на долготраен граѓански конфликт – изјави Лавров.

Тој тврди дека и САД имале деструктивната улога во ситуацијата, додавајќи дека надежите на сирискиот народ за подобар живот по успешната борба против меѓународниот тероризам не се оствариле.

Сега руската страна „будно го следи развојот на ситуацијата во Сирија, но рано е да се извлечат далекусежни заклучоци за настаните што се случуваат таму“, изјави Лавров.

Би можело да ве интересира

Лавров: Оние што ќе ја ескалираат ситуацијата околу Украина ќе добијат „заслужена казна“

А1он

Лавров: Неодговорни изјави за ескалација од оние кои не намирисале барут

Лавров: Плановите на Зеленски се движат од глупави до неуспешни

А1он

Одговорот на Лавров: Соединетите Американски Држави и нивните сателити едноставно се плашат од фер конкуренција

Предраг Петровиќ

Лавров: Русија е подготвена за војна со НАТО на Арктикот

(ВИДЕО) Лавров: Се однесуваат како мали деца

Катерина Ѓуровски