Масовно затворање пабови во Англија

Од:

Бројот на пабови во Англија и Велс падна под 39.000 за првпат оваа година.

Под притисок од зголемените трошоци и помалиот промет, многу англиски пабови засекогаш ги затворија вратите, покажува статистиката.

Во текот на оваа година, дури 412 пабови се затворени или пренаменети, до декември.

Затворањата на пабовите се резултат на зголемените трошоци и претпазливоста на потрошувачите оптоварени со високите трошоци и зголемените цени.

Дополнително, новите буџетски мерки ќе стапат на сила во април 2025 година кои ќе ги зголемат трошоците за сопствениците на пабови.

Вкупниот број на пабови во Англија и Велс, вклучувајќи ги и оние празни и понудени за изнајмување, падна на 38.989. Во текот на годината месечно се затвораа во просек по 34 пабови, што значи дека процесот се забрзува.

Исклучувањето може да има катастрофален ефект врз националниот буџет. Најновите бројки покажаа дека Лондон ќе изгуби најголем број пабови во 2024 година. Нивниот број се намали за 55 и сега ги има 4.370.

„Многу сопственици на пабови со кои разговараме се многу загрижени дека ова би можел да им биде последен Божиќ со оглед на комбинацијата на зголемени трошоци за работодавците, зголемување на минималната плата и намалување на даночните олеснувања за малите бизниси“, вели аналитичарот на Алтус груп – Алекс Пробин.

Би можело да ве интересира

Борис Џонсон во своите мемоари тврди дека кралицата Елизабета имала рак на коските

Три жени ранети во престрелка во Англија

Англија ја совлада Ирска

Мал авион се урна во индустриска зона во Честерфилд

Моторна едрилица се урна на сред пат: Пилотот и патникот преживеаја

(ВИДЕО) Ескалира насилството во Британија: Ќе залажите за ова екстремно десничарко насилство