Претседателот на Србија, Александар Вучиќ денеска изјави дека е потребен рационален пристап за да се стави крај на крвопролевањето во Украина и дека со новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп, мирот е поблиску, доколку не дојде до ескалација пред тој да ја преземе функцијата.
„Многу работи ќе се променат. За Доналд Трамп стратешките односи со Кина ќе бидат многу важни, тоа мора да ни биде јасно на нас Европејците“, изјави Вучиќ за германски „Ханделсблат“ на прашањето дали односите меѓу САД и Европа ќе бидат повеќе тешко откако Трамп ќе ја преземе власта, дека многу работи ќе се променат.
Затоа, како што оцени, добро е што Германија ги прошири контактите со Кина, што сега треба да се случи и на европско ниво.