Најмалку три лица загинаа кога автобус со патници излетал од патот во Норвешка и делумно завршил во вода. Страшната несреќа се случила околу 13 часот и 30 минути по локално време, на северозападниот брег.
Се претпоставува дека во автобусот имало повеќе од 50 патници, меѓу кои и голем број странци. На терен се бројни спасувачки и итни екипи.
Причината за несреќата се уште не е позната. Според локалните медиуми, најмалку четири лица се тешко повредени во несреќата.
Планирано е и испраќање на спасувачки хеликоптери на местото на настанот, но лошите временски услови го отежнуваат тоа.