Јапонските џогери предупредени се да внимаваат на своето однесување кога трчат во околината на царската палата во Токио, после низата непристојности.
Официјални лица наведуваат дека туристите и постарите посетители на палатата се жалеле на џогерите кои ги удираат по грбот, а потоа истрчуваат без никакво извинување.
– Во некои случаи џогерите дури ги напаѓале жртвите и викале на нив, соопштија властите.
Иако официјалната царска резиденција е затворена за јавноста, големи делови од нејзината околина се отворени и прават оаза во центарот на Токио. Тоа секојдневно привлекува близу десет илјади џогери.
Властите тврдат дека примиле стотици жалби во последните три до четири години и поставиле знаци кои би требало да ги предупредат џогерите да внимаваат на однесувањето и да ги следат правилата, да не викаат на пешаците, да трчаат спротивно од насоката на стрелките на часовникот и да бидат пристојни.
Строгите јапонски правила на однесување, кои управуваат со се и сешто, од патувањата со подземната железница до користењето на јавното купатило, често се зајакнати со знаци или табли на кои јасно пишува што се смее, а што не смее да се прави.
Иако некои постари Јапонци повремено отстапуваат од зададените стандарди на однесување, јавните судири и непристојноста се прилично ретки. Дури и во пренаселеното Токио.