Карапејовски: Ставот на претседателката за внатрешен консензус е на иста линија со заложбите на ЗНАМ за Национална платформа

Од:

Високо ги цениме ставовите на претседателката на државата Гордана Сиљановска – Давкова за модернизација и одржување на македонската Армија, како и потребата од внатрешен консензус кога се работи за надворешната политика, изјави денеска пратеникот од Движењето ЗНАМ, Бојан Карапејовски, по првото годишно обраќање на претседателката во законодавниот дом.

– Според нас, претседателката имаше доста инспиративен говор. Таа се држеше до своите уставни и законски надлежности, од една страна, но ги увери и очекувањата на јавноста и упати критика кон општествата. Во таа смисла, високо ги цениме нејзините ставови, особено нејзиниот поглед за модернизација и одржување на македонската Армија и грижа за припадниците на безбедносните сили, рече Карапејовски.

Изрази верување дека потребата од внатрешен консензус, која Сиљановска Давкова ја истакна во говорот, е на линија со заложбите на ЗНАМ за формирање на Национална платформа за македонско национално единство.

– Особен акцент во нејзиниот говор, таа стави на надворешната политика, особено на потребата од внатрешен консензус кога се работи за надворешната политика, за сите неправди кои што ѝ се случуваа на Македонија на тој пат, така што, се надеваме дека нејзиниот говор е на линија на нашите претходни заложби за Национална платформа за македонско национално единство. Таа е на линија за остварување на внатрешен општествен консензус, од времето на Мисирков преку 8 Септември. Може сега е време да направиме нов општествен договор, нашиот предлог за Национална платформа мислам дека е добар предлог за да се постигне тоа нејзино верување, рече Карапејовски.

Би можело да ве интересира

ЗНАМ: Македонија спроведува реформи и испорачува резултати, но заштитата на националното достоинство е нашата црвена линија

Навредите од Неделковски кон Бендевска и Гочева се недостојни, мизогини и неприфатливи, реагираат од ЗНАМ

ЗНАМ: Подолг период беше јасно дека Цеков политички и вредносно се оддалечува од принципите и државотворната визија на ЗНАМ

Филипче по одлуката на Цеков: Тендер-коалицијата почнува да се распаѓа!

Миле Цеков ја напушти ЗНАМ, пратеникот ќе дејствува независно

Горан Наумовски

Мемов: Конфузија и раскол во СДСМ околу Законот за Влада

Катерина Ѓуровски