Има преживеани во падот на патничкиот авион кој се урна на аеродромот Актау во Казахстан. Во леталото имало 67 лица, патници и членови на екипажот, а според последните информации преживеале 25 лица.
Survivors of the Azerbaijan Airlines plane crash in Kazakhstan are coming out of the wreckage. https://t.co/X3LMuYkFSB pic.twitter.com/BDjxht8M1v
— BigBreakingWire (@BigBreakingWire) December 25, 2024
Азербејџанскиот авион на летот од Баку за Грозни претходно беше пренасочен кон аеродромот во Казахстан поради густа магла во Грозни, но се чини дека за време на летот се судрил со јато птици, што предизвикало дефект на моторите и пад на авионот.
25 Passengers, Including Boy, 11, Survive Azerbaijan Airlines Plane Crash
Sputnik correspondent Christina Malyk joins NDTV's @Ankit_Tyagi01 with more details pic.twitter.com/fEHr1zKJIC
— NDTV WORLD (@NDTVWORLD) December 25, 2024
Ова го потврди и руската Федерална агенција за воздушен транспорт „Росавијација“, која излезе со официјално соопштение во врска со падот на авионот „АЗАЛ“.
„Денеска, околу 9.30 часот по московско време, авионот „Ембраер 190“ на азербејџанската авиокомпанија АЗАЛ се урна при слетувањето на казахстанскиот аеродром Актау, кој се наоѓа на источниот брег на Каспиското Море. Авионот летал од Баку за Грозни. Според прелиминарните информации, откако се судрил со јато птици, поради вонредна ситуација во авионот, капетанот на авионот решил да се пренасочи на алтернативен аеродром, избирајќи го Актау за дестинацијата“, велат Русите.