„Американ ерлајнс“ денеска ги приземји сите свои авиони во САД поради неодреден технички проблем, се вели во известувањето на веб-страницата на Федералната управа за авијација. Акциите на превозникот паднаа за 3,8 отсто.
– Проценетата временска рамка не е дадена, но се трудиме да го решиме проблемот што е можно поскоро – наведуваат од компанијата во објава на „Х“.
Федералната администрација за авијација на САД не беше веднаш достапна за дополнителни коментари.
Фактот што најголемата американска авиокомпанија приземји авиони пред Божиќ предизвика голем гнев кај патниците.