Јанчев од Левица: ДПМНЕ изгласа двојазични лиценци иако тврдеа дека двојазичноста е противуставна

Од:

Пратеникот од Левица, Сашко Јанчев, реагираше на измените на Законот за заштита на децата, кои беа усвоени на денешната собраниска седница од страна на мнозинството ДПМНЕ-ЗНАМ-ВРЕДИ.

„Пратениците на ДПМНЕ пред неколку минути изгласаа полагањето за лиценци за работа во институции за деца да биде двојазично. Ова го прават на основ на Законот за двојазичност за кој кога беа во опозиција викаа дека е противуставен и донесен со измама.”

Пратеникот во својот статус потенцира дека суштината на овие политики е внатрешна дезинтеграција и поделба на Македонија.

,,Тој поделен систем си функционира и веќе во Македонија има создадено два света(македонски и албански). Овие две паралелни општества често воопшто не ни комуницираат. Таа поделба е намерна, а денес ДПМНЕ, кое доби 400 000 гласа на последните избори, ги користи тие гласови за да продолжи со политиките на дезинтеграција на Македонија. Ќе ја правеа Македонија горда и наша. Вака како шо тераат ќе ја направат непостоечка” – напиша Јанчев на својот профил.

Би можело да ве интересира

Јанчев: Интерпелацијата на Даути е успешна

Јанчев од Левица: Носење на системски закон по скратена постапка е надвор од памет

Предраг Петровиќ

Јанчев од Левица: Македонија повеќе нема луксуз да се движи по овој поданички пат!

А1он