СДСМ: Животот во Македонија станува прескап, власта на Мицкоски потфрли во економијата

Од:

Цените на основните производи секојдневно растат, храната е прескапа, животот за граѓаните во Македонија станува се поскап и се потежок. Последните податоци покажуваат дека минималната синдикална кошница за месец декември изнесува 62.861 денари, што е зголемување за 840 денари во споредба со претходниот месец, рече портпаролката на СДСМ Богданка Кузеска.

– Ова значи дека веќе ниту две минимални плати не се доволни за да ги покријат основните потреби на луѓето.
Граѓаните немаат никаква корист од мерките на власта. Кошничките се измама и манипулација. Власта им дозволи на трговците да се богатат на грбот на народот. СДСМ нема да остане нем сведок на ваквите неправди. Ќе продолжиме активно да се бориме за политики кои носат вистински решенија. Нашите предлози за укинување на ДДВ на храната, за повисока минимална плата и за мерки кои го штитат животниот стандард на граѓаните се токму чекорите кои треба да се преземат, вели Кузеска.

Би можело да ве интересира

СДСМ нуди државна стратегија за долгорочен развој на земјата

ВМРО-ДПМНЕ: СДС се соизвршители во криминалот на Артан Груби

Филипче од Битола: СДСМ веќе е крената на нозе

Костова: Мицкоски ги потценува граѓаните, тој им даде амин на трговците да ги покачат цените

Горан Наумовски

СДСМ: „Новогодишна кошничка“ е голем владин дебакл

Петрушевски: СДС да се извинат на граѓаните за криминалот на Груби, измислувањето приказни не им поминува