ВИДЕО: Снег ќе врне и денеска, забрани за камиони на повеќе патни правци

Од:

Забраните за тешки товрани возила и натаму се во сила низ државава. Снег се очекува да паѓа и денеска.

-Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози, наместа со остатоци од кашест снег на коловозот. Забрани за тешки товарни возила се воведени на патните правци Дебар – Маврово, Кичево – Гостивар на превојот Стража и Тетово – Попова Шапка каде за останатите возила е задолжителна зимската опрема. Од 07:30 часот поради врнежи од снег се воведува забрана тешки товарни возила и преку планинскиот превој Барабарос, информираат од АМСМ.

Јавното претпријатие „Македонија пат“ информира дека на патниот правец Страцин-Куманово има магла поради што видливоста е намалена од 100 до 150 метри.

Од УХМР пак и за денеска најавуваат врнежи од снег.

– Времето денеска претежно облачно и студено со локални врнежи, на планините и во повисоките места од снег, во пониските од дожд и снег. Ќе дува умерен, наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 3, а максималната ќе достигне од 1 до 6 степени.

Во Скопје, претежно облачно и студено со повремени врнежи од дожд, а во повисоките делови од котлината од дожд и снег. Ќе дува умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до -1, а максималната ќе достигне 4 степени.

Според прогнозата на УХМР, во следните денови ќе се задржи променливо облачно, студено и ветровито време со локални врнежи претежно од снег. Ќе дува умерен, наместа засилен ветер од северен правец (над 60 километри на час).

– Од сабота следува период на стабилно, суво и понатаму студено време, информира Управата за хидрометеоролошки работи.

Би можело да ве интересира

Период на променливо време со врнежи и пониски температури

Катерина Ѓуровски

Посвежо време со локални врнежи и максимална температура до 35 степени

До четврток малку пониски температури, од петок повторно затоплување

Екстремни температури од над 40 степени, да се почитуваат мерките за заштита

Топлотен бран во земјава, издадени предупредувања за заштита на населенеието

Сончево и топло, со температура до 39 степени

А1он