Дали САД имаат „програма“ за убиства?

Од:

Двајца американски новинари соопштија дека работат на истражување на улогата на американската Национална безбедносна агенција, во програмата за убиства.

Новинарите Џереми Скејхил и Грин Гринвалд, позната по критичкиот став кон американската влада, на конференцијата за новинари во Рио Де Женеиро, не изнесоа докази за таа програма, ниту пак кој бил мета. Скејхил е соработник на левичарското списание „ Нејшн“ и автор на книгата „Валкани војни“.

Гринвалд, која работи во Рио Де Женеиро напиша низа статии во британскиот Гардијан за програмата за надзор на Националната безбедносна агенција.

-Врските помеѓу војната и надзорот се очигледни. Не сакам премногу да откривам, но Глен и јас во моментов работиме на проект кој ја открива улогата на безбедносната агенција, во програмата за убивање во САД-изјави Скејхил.

Филмот „Валкани војни“ на режисерот Ричард Ролиј ја следи истрагата на Скејхил за американската команда за специјални операции. Во филмот новинарот разговара со семејствата на убиените лица ширум светот, во американските напади.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

САД воведоа нови санкции против Русија