На 24.12.2024 во 19 часот, во ликовниот салон на МАНУ ќе биде отворена изложбата насловена „Барокна подморница“ на која како автори се потпишуваат Влада Урошевиќ и Марко Трпески. Изложбата ќе ја отвори Владимир Мартиновски.
Погледната низ призмата на уметничките движења, изложбата „Барокна подморница“ е настаната како еден современ омаж на надреализмот, неслучајно сега, токму во годината во која одбележуваме 100 години од неговата појава.
При создавањето на овие дигитални колажи авторите биле водени од желбата да укажат не само на сѐ уште живите и плодотворни можности на надреалистичката естетика, туку и да се обидат да ја редефинираат во ова дигитално време, ослободувајќи го духот на очудувањата од премногу тесните рамки на рационално средениот свет.