Претседателот на Панама му порача на Трамп: Панамскиот канал е наш и така ќе остане

Од:

Претседателот на Панама, Хозе Мулино, изјави дека Панамскиот канал и припаѓа на неговата земја и дека нема да има преговори за тоа.

Како што истакна во објава на социјалната мрежа Х, „секој квадратен метар од Панамскиот канал и неговата околина и припаѓа на Панама и ќе продолжи да и припаѓа во иднина“.

На овој начин Мулино го одби барањето на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп за враќање на Панамскиот канал под американска контрола.

Мулино нагласи дека за суверенитетот и независноста на Панама не може да се преговара.

„Секој граѓанин на Панама, овде или каде било во светот, го носи тоа во своето срце. Тоа е дел од нашата историска борба“, рече Мулино на Х.

Трамп претходно изјави дека контролата над водениот пат што ги поврзува Атлантскиот и Тихиот океан преку Панама треба да му се врати на Вашингтон, бидејќи Панама наметнува, како што вели, неправедни такси за американските бродови кои минуваат низ Панамскиот канал.

Панамскиот канал, завршен од Соединетите држави во 1914 година, беше вратен на централноамериканската земја според договорот од 1977 година потпишан од демократскиот претседател Џими Картер. Панама презеде целосна контрола над неа во 1999 година.

Би можело да ве интересира

Премиерот му одговори на Трамп: Не е на продажба

Трамп му порачал на Зеленски да размислува за отстапување на териториите кои се под контрола на Русија

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Трамп вели дека САД би можеле да побараат од Панама да го предаде Панамскиот канал

Америка се соочува со целосна парализа неколку дена пред Божиќ

Катерина Ѓуровски

Трамп: Многу Канаѓани сакаат нивната земја да стане 51-ва американска држава

Мелони: Трамп не е наш непријател