Сијарто: На Трамп не му требаат посредници за да се обиде да го реши конфликтот во Украина

Од:

На новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп не му требаат посредници за да се обиде да го реши конфликтот во Украина, изјави унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто.

„Ако има потреба од посредник, тогаш двете или сите три страни мора да се согласат и да имаат заедничка желба некој да биде посредник, што во моментов не го гледам. Од друга страна, знам – и мислам дека го знаете и претседателот Трамп како некој на кој не му требаат посредници“, изјави Сијарто во интервју за руската агенција РИА Новости.

Коментирајќи ја можноста унгарскиот премиер Виктор Орбан да дејствува како посредник меѓу Трамп, рускиот претседател Владимир Путин и украинскиот претседател Володимир Зеленски, Сијарто праша зошто Трамп нема директно да контактира со рускиот или украинскиот претседател.

Унгарскиот министер за надворешни работи истакна дека Русија останува сигурен партнер на Унгарија во областа на снабдувањето со енергија и дека во отсуство на поповолна понуда, официјална Будимпешта нема намера да ја преиспита оваа соработка, пренесува Танјуг.

„Русија е сигурен партнер за снабдување со енергија за нас. Кога станува збор за сериозни прашања како енергетската безбедност, се префрлате од сигурен извор само ако добиете подобар договор, а ние го немаме. Ништо посигурно или поевтино не ни е понудено, па зошто да се откажеме од соработката со Русија“, заклучи Сијарто.

Би можело да ве интересира

Украина доби 1,1 милијарда долари од ММФ

Русите отвораат нов фронт: „Одлуката е веќе донесена“

Горан Наумовски

Орбан: ЕУ ја загуби војната во Украина

МНР: Погодена е и зградата каде се сместени шест амбасади, меѓу кои и на Македонија

Горан Наумовски

Руските сили за воздушна одбрана соборија 36 украински беспилотни летала во текот на ноќта

Ракетен напад врз Киев, најмалку две лица повредени, пожари на повеќе локации