Матијас Лесор, кошаркарот на Панатинаикос, заработи тешка повреда на натпреварот од 17. коло на Евролигата против Басконија. Францускиот центар на почетокот на третиот период се лизна при слетување по дефанзивен скок, по што му се повреди левата нога.
— OvoOno (@OvoOnoX) December 19, 2024
Иако степенот на сериозноста на повредата се уште не е познат, само со гледање на видеото јасно се гледа дека ситуацијата не е безопасна. Напротив. За тоа сведочат врисоците на Лесор кои ечеа низ атинската сала, додека сите од трибините немо гледаа.