Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека поранешниот руски претседател Борис Елцин бил сакан на Запад се додека не го кренал гласот против бомбардирањето на Сојузна Република Југославија, но штом го сторил тоа бил прогласен за алкохоличар.
Путин на годишната прес-конференција рече дека Елцин го тапкале по рамо во западните престолнини, се додека не го кренал гласот против бомбардирањето на Белград.
– Зарем не се сеќавате ли на тоа, рече Путин.
Тој исто така истакна дека другите земји се обидуваат да го заборават подвигот на Русија во борбата против нацизмот, но дека Русија нема да го заборави.