Ѓоковиќ ги поддржа студентските протести: Важно е да се чуе нивниот глас

Од:

Новак Ѓоковиќ синоќа на социјалната мрежа Х објави дека е важно да се слушне гласот на студентите кои протестираат во Србија. Блокадите на сите факултети во Белград, Ниш и Нови Сад траат со денови, а студентите не се откажуваат од барањето да се казнат одговорните за трагедијата во Нови Сад, каде што 15 лица загинаа при падот на настрешницата кај железничката станица.

Многу познати личности им дадоа поддршка на студентите, а синоќа Ѓоковиќ изјави дека е со нив.

„Како некој кој длабоко верува во силата на младите и нивната желба за подобра иднина, мислам дека е важно нивниот глас да се слушне. Србија има огромен потенцијал, а образованата младина е нејзината најголема сила. Она што на сите ни треба е разбирање и почит. Со вас, Новак“, напиша Ѓоковиќ на социјалните мрежи.

Блокадите на факултетите почнаа на 25 ноември во Нови Сад, а на протестите почнаа да се приклучуваат и средношколци.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Инцидент во Земун, на протест нервозен возач ќе повредеше неколку граѓани

Горан Наумовски

Српската Влада досега објави повеќе од 140 документи за реконструкција на железничката станица во Нови Сад

А1он

(ВИДЕО) Студенти ја окупираа зградата на Ректоратот во Нови Сад

ВИДЕО: Опозицијата ја блокира полициската управа во Нови Сад

Маж падна од тераса во Нови Сад, почина на лице место

А1он

Градоначалникот на Нови Сад останува на функцијата

А1он