Бајрами не е избеган, тој не живее во државава вели адвокатот на екс директорот на Лотарија

Од:

Адвокатот Антонио Апостолски ќе го застапува поранешниот директор на Државна лотарија Перпарим Бајрами во случајот за кој тој заедно со поранешниот вицепремиер Артан Груби и уште неколкумина е осомничен за проневера на околу осум милиони евра во Лотарија.

Информацијата ја потврди Апостолски, кој рече дека Бајрами не е избеган од државата туку веќе неколку месеци живее надвор од државата.

И премиерот Христијан Мицкоски, говорејќи за овој случај, во гостувањето на емисијата „Кликплус“ рече дека директорот на Државната лотарија подолго време не е во државата.

– Моите информации се дека поранешниот директор на Државна Лотарија подолго време не е во земјата. Додека, поранешниот вицепремиер во текот на вчерашниот ден со еден стопанственик, со возило со дипломатски таблици ја напуштил Македонија и се упатил кон нашиот северен сосед Косово, рече Мицкоски.

Министерството за внатрешни работи распиша меѓународна потерница за Груби и Бајрами откако Основниот кривичен суд во Скопје им одреди мерка притвор од 30 дена.

Би можело да ве интересира

Распишани меѓународни потерници по Артан Груби и Перпарим Бајрами

Не е отфрлена кривичната пријава против Ковачевски, Обвинителство ги проверува наводите

Катерина Ѓуровски

Кривичен решава за притворот на Груби и Бајрами, одредени мерки за претпазливост за четворицата други осомничени во случајот „Лотарија“

Катерина Ѓуровски

Државна лотарија со караван ја носи новогодишната магија во Скопје

Титаниум – нов инстант лоз со возила на Државна лотарија

Митева: Ограбена држава – СДС и ДУИ да одговорат каде завршиле парите од незаконското работење на фирмите за игри на среќа