Трамп јасно стави до знаење дека не го поканил Зеленски на неговата инаугурација во јануари 2025 година.
– Не, не го поканив! – рече тој.
Тој исто така изјави дека добил „сигнали од украинската страна за желбата да се запре војната“ и затоа има намера да „контактира со Путин“ по ова прашање.
„Работиме напорно (за да го запреме конфликтот)… Тоа е тешка задача, но напредуваме“, рече Трамп денеска, говорејќи од неговата резиденција во Мар-а-Лаго.
Трамп исто така изјави дека Зеленски треба да се подготви да стави крај на конфликтот во Украина.
„Тој треба да се подготви да направи договор“, им рече тој на новинарите.
Трамп, исто така, истакна дека рускиот претседател Владимир Путин ќе мора да постигне договор за решавање на конфликтот.
Како што нагласи, од Киев добил сигнали за желбата да се постигне решение за конфликтот со Русија.
Трамп рече дека неговиот тим има намера да воспостави контакт со рускиот претседател, како и со Володимир Зеленски за да се стави крај на украинскиот конфликт.