Уште две деца повредени по новиот предизвик на „Тик ток“, хоспитализирана e 15-годишна девојка

Од:

Петнаесетгодишна девојка со скршеница на два слабински пршлени е на болничко лекување во Универзитетска клиника по хируршки болести „Св. Наум Охридски“ во Скопје поради повреди предизвикани од новиот предизвик „Супермен“ на социјалната мрежа „Тик ток“, потврди в.д. директорот на болницата д-р Небојша Настов.

Викендот со повреди на зглобовите на рацете бил примен и ученик кој го прифатил овој предизвик.

Директорот Настов вели дека овој предизвик може да остави и доживотни последици и зависи од ударот при падот.

– Викендов се претежно овие два нови случаја, иако имавме затишје во текот на претходната недела. Во едниот случај е повредено 13-годишно девојче со скршеници на двете подлактница. Во другиот случај има потешка повреда, 15-годишна пациентка е хоспитализирана со скршеница на два слабински пршлена. Хоспитализирана е само за опсервација, а понaтaму ќе продoлжи со конзервативен третман, изјави Настов.

Изминатиот период докторите и училиштата апелираа овој предизвик да не се практикува. Предизвикот е како група на ученици го отфрлаат од нивните раце ученикот кој по скокот треба да падне на нозе.

Најчесто децата завршуваат со повреди на рацете, нозете и главата.

Би можело да ве интересира

Андоновски: Фокусот не треба да биде на забрана на апликациите, туку на едукација на децата и родителите

Позната тиктокерка убиена на улица, ја застрелаа додека седеше во својот автомобил

А1он

Тепачка во чекалната во болницата „Св. Наум Охридски“ во Скопје

Затворените хируршки сали на Клинички двојно ги зголемија итните случаи во „Св Наум Охридски“

Директорот на Националната разузнавачка служба предупреди за влијанието на Кина врз претседателските избори во САД преку TikTok

(ВИДЕО) Ужасен Тик Ток тренд во Белград: Деца скокаат од трамвај во движење

Катерина Ѓуровски