Мицкоски: Почна процесот на силна и робусна борба против криминалот и корупцијата

Од:

„Почна процесот на силната и робусна борба против криминалот и корупцијата со елиминирање на терористичка ќелија, за која постоело основани сомневања дека имаат намера да прават акции спротивни на безбедносната состојба, како и поврзаност со ќелии во регионот“.

Ова меѓу другото денеска го порача премиерот Христијан Мицкоски на прес-конференција во Владата по состанокот со Советот на странски инвеститори.

На прашање за претресот во домот на поранешниот вицепремиер Артан Груби и индициите за вмешаност на екс премиер Димитар Ковачевски во направениот криминал, Мицкоски се огради од коментари.

– Би оставил МВР да излезе со целосни информации, но верувајте многу од случаите, кои се случија во минатото ќе бидат откриени и обелоденети. Зборувам за фатални случаи, убиства. Немам информации бидејќи рано од утрово сум во континуирани состаноци и не успеав да ги исконтактирам од МВР. Од оние информации со кои рапсолагам знам дека постојат основани сомневања за злоупотреби и криминал во Лотарија на Македонија и на поедини високи владини функционери од минатите состави на Владата. Дека има истрага, но за деталите не сум запознаен – рече Мицкоски.

За реакциите на ДУИ дека се реализирала акција против Албанците, Мицкоски нагласи дека сите акции се спроведуваат во координација со нивните партнери.

– Понекогаш се чудам на пораките на ДУИ, делуваат чудни. Една од акциите е против група за која постои основано сомнение дека е вовлечена во криминални активности од највисок степен меѓу кои и убиства. Жртви на тие убиства беа Албанци. Ако треба така да се коментира нивната порака. Не можам повеќе да додадам, бидејќи сепак на крај и за овие луѓе за кои постои основано сомневање за вакви сторени кривични дела постои пресумпција на невиност. Има процес и процесот ќе се докажува – рече Мицкоски.

За тоа дали располага со информации за објавување на поранешни и актуелни функционери на црната листа на САД, Мицкоски не сакаше да коментира.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: За разлика од кај нас, опозицијата во Украина и Молдавија не работи против државните интереси

Еврокомесарката Марта Кос на почетокот на јули доаѓа во Скопје

A1on

По 17 јуни ќе има реконструкција на Владата, најави Мицкоски

A1on

Мицкоски се сретна со Ердоган – потврдена е стратешката соработка меѓу Македонија и Турција

А1он

(ВИДЕО) Мицкоски се сретна со Макрон и Мерц: Исклучително сум задоволен

Катерина Ѓуровски

Проширувањето на ЕУ и интеграцијата на Западен Балкан во фокусот на самиотот во Тиват

Катерина Ѓуровски