Пејачката Били Ајлиш беше погодена во лицето со предмет од публиката за време на неодамнешниот настап на нејзината турнеја Hit Me Hard and Soft.
За време на настапот во Desert Diamond Arena во Аризона пред неколку дена, 22-годишната поп-ѕвезда ја удрила нараквица. Инцидентот се случил додека Ајлиш седела со скрстени нозе на сцената и ја изведувала емотивната балада од филмот Барби, „What Was I Made For?“.
На видеата на TikTok направени од обожаватели се гледа како пејачката ја тресе главата наоколу откако ја удрила нараквицата во лицето. Но, Били брзо продолжи да пее и ја фрли настрана нараквицата во блага фрустрација.
@josh_urias RIP my side @BILLIE EILISH #billieeilish #hmhas #concerts #xyzbca #arizona #fypシ
Ајлиш претходно зборуваше за ситуации кога обожавателите фрлаат предмети на сцената и со нив ги гаѓаат пејачите. За време на светската премиера на филмот Барби во јули 2023 година, таа се осврна на овој тренд, нагласувајќи дека ја разбира возбудата зад ваквите потези, но дека тоа не е прифатливо.
„Буквално ме гаѓаат цели шест години. Не знам зошто сега е вест“, изјавила Ајлиш за The Hollywood Reporter.
„Луѓето едноставно се возбудуваат, но тоа може да биде опасно“, додаде таа.