Бил Ајлиш e најмладата личност која освоила два Оскари

Од:

Американската пејачка Били Ајлиш (22) стана најмладата личност која освоила два Оскари, откако на синоќешната церемонија ја доби наградата за најдобра авторска песна во филмот „Барби“.

Ајлиш на тој начин го собори рекордот на Луиз Рајнер, која во 1936 година на 26-годишна возраст го освои Оскар за најдобра женска улога, а потоа истата награда ја освои во 1937 година.

Рекордот на Рајнер го собори и музичарот Финес (26), кој заедно со неговата сестра Били Ајлиш освоија два Оскари и со тоа станаа втората најмлада личност која двапати ја добила оваа престижна награда, пренесува АП.

Били Ајлиш и Финес оваа година освоија Оскар за песната „What Was I Made For?“, а првиот Оскар го добија во 2020 година за песната „No Time to Die“ од филмот за Џејмс Бонд.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Сите победнички на БРИТ наградите за најдобар женски интернационален соло артист (2011-2020)

А1он